Пожарникар повреден при гаснење пожар во Скопје

Пожарникар од Бригадата за противпожарната заштита Скопје утринава бил повреден при гаснење пожар во стан во станбена зграда на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје.

Пожарникарот Б.М., информираат од МВР, бил транспортиран во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, од каде во 03:55 часот ја информирале Единицата за информации и команда Скопје.

Пожарот бил изгаснат. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

ЛИНК

Visits: 123

Posted in Несреќи при работа.