Маж од Велес е повреден откако го прегазил тракторот што го поправал

Маж од Велес е повреден откако го прегазил тракторот што го поправал

Шеесет и четиригодишен маж од Велес се здоби со тешки телесни повреди откако бил прегазен од сопствениот трактор. Од МВР велат дека лицето било пренесен во Општа болница Велес, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Вчера во домот во селото Мамутчево-Велес, велешанецот лежел под неговиот трактор и вршел поправки, кога возилото се придвижило и со задното тркало му поминало врз градите.

Hits: 53

Posted in Несреќи при работа.