Паднал од скеле од два метри висина и се здобил со тешки повреди

На 21.06.2019 година во 09,05 часот било пријавено дека на Градската автобуска станица во Куманово, при изведување градежни работи (реконструкција на фасада) од скеле (висина од околу два метри) паднал Т.А.(61) од Куманово. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Куманово, каде му е констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Извор:
Т.А.(61) паднал од скеле од два метри висина и се здобил со тешки повреди | opserver.mk

 

Hits: 9

Posted in Несреќи при работа.