МВР со детали за сообраќајката на обиколница во која загина и полицаец

МВР соопшти детали околу сообраќајната несреќа која се случи вчера околу 16,30 часот на обиколницата ,,Мајка Тереза“, кај клучка Приштина во правец од Тетово кон Радишани.

Во несреќата загинаа две лица, а двајца се повредени. Сообраќајна несреќа се случила помеѓу товарно моторно возило „МАН“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Н.(37) од Куманово, патничко моторно возило „јети“, сопственост на МВР и патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.А. (22) од Гостивар.

Двајца полициски службеници вршеле радарска контрола и го запреле возилото „БМВ“, а потоа во нив удрило товарното моторно возило. По ударот, возилото „БМВ“ се запалило. На местото на настанот починал совозачот во возилото „БМВ“, Р.А.(34) од Гостивар.

Со возило на Итна медицинска помош А.А. и двајцата полициски службеници С.Б.(37) и Г.А.(48) биле пренесени во комплексот клиники ,,Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, но во болницата С.Б. им подлегнал на повредите. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.

По наредба на јавен обвинител ќе се врши обдукција врз починатото лице, додека од возачот на камионот ќе бидат земени примероци од крв и урина заради испитување на присуство на алкохол или други супстанции кои би можеле да влијаат на неговата способност за управување со превозно средство. Врз камионот ќе се врши вонреден технички преглед со цел да се утврдат причините за несреќата.

ИЗВОР: https://vecer.mk/node/21915

Visits: 136

Posted in Несреќи при работа.