РЕГИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ЗА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Граѓанското учество во процесот на донесување одлуки е од клучно значење за секое општество кое се декларира како демократско, а посебно е важно за земјите пред-пристапнички на Европската Унија. Создавањето институционални механизми за соработка на граѓаните и државните органи и тела особено на национално ниво во областа на безбедноста и здравјето при работа, во процесот на креирање на политиките и учество во процесот на донесување на одлуки, е основа за безбедна работна средина.
Главната цел на стратегијата е да се подобри здравјето и безбедноста на работа, подобрување на условите за работа во ИПА регионот преку активно учество и соработка на регионалните граѓански организации. Во таа насока Македонско здружение за заштита при работа во партнерство со Српското здружение за безбедност и здравје при работа, Албанскиот центар за безбедност и здравје при работа, Здружението за безбедност при работа на Црна Гора и Косовското здружение за заштита при работа, со финансиска подршка на Европската Комисија подготвија заедничка Регионална Стратегија за безбедност и здравје при работа за соработка на граѓанските организации, државните институции и медиумите, придружена со акциски план за спроведување на истата. Стратешките цели од овој документ се тесно поврзани со приоритетите и целите на Европската стратегија за БЗР (2014-2020)…

РЕГИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ЗА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Visits: 173

Posted in Публикации.