СПОДЕЛУВАЊЕ НА ДОБРА ПРАКСА И СТЕКНАТО ИСКУСТВО ОД СТУДИСКАТА ПОСЕТА ВО БУДИМПЕШТА ЗА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

СПОДЕЛУВАЊЕ НА ДОБРА ПРАКСА И СТЕКНАТО ИСКУСТВО ОД СТУДИСКАТА ПОСЕТА ВО БУДИМПЕШТА ЗА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

Денес во просториите на Македонското здружение за заштита при работа и во рамки на активностите за „Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето на одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ”, се одржа состанок за споделување (дисеминација) на искуства, стекнати за време на студиското патување кое се имплементираше во периодот од 17-21 Јуни 2019 година. Номинираните преставници / членови на Советот за безбедност и здравје при работа остварија средба со претставници од Канцеларијата на МОТ за Централна и Источна Европа, Националниот трипартитен совет, работна средба во Техничкиот Универзитет во Будимпешта и др. организации каде беа разменети искуствата од областа на БЗР во двете држави.


На состанокот, Македонско здружение за заштита при работа заедно со претставник на Министерство за труд и социјална политика, Организацијата на работодавачи, претставници на факултетот кој спроведува образовната дејност на полето на безбедноста при работа и медицина на труд, споделија своите видувања од студиското патување, како и наученото од посетата на најразличните институции/организации, лоцирани во Будимпешта. Како главен заклучок од состанокот може да се извлече дека студиското патување е од огромно значење за сите учесници и дека стекнатите искуства можеме да ги искористиме во полето на БЗР во нашата држава и во насока на подобрување на соработката помеѓу организациите, институции и професионалците за БЗР и заеднички пристап кон унапредување на системот за БЗР во нашата земја.

Hits: 58

Posted in Новости.