Информација- Студиска посета во Унгарија

Студиска посета во ЕУ земја членка-Унгарија за размена на искуства во врска со стратешко, организациско планирање, имплементација на стандарди за БЗР, застапување и европски модел на соработка и вклучување на граѓанските организации во процесот на донесување одлуки.

Во рамките на проектот, во периодот од 17 ти до 21ви Јуни, предвидена е студиска посета на Република Унгарија (ЕУ членка) со претставници на граѓанските организации и членови на Советот на БЗР. Оваа студиска посета е наменета да придонесе кон постигнувањето на специфичната цел на проектот, кој е фокусиран на динамично граѓанско општество преку вмрежување, застапување, долгорочно стратешко планирање и промовирање на нивото на вклученост и вклучување на граѓанските организации во процесот на донесување одлуки поврзани со безбедни и здрави работни услови.

Целта на студиската посета е да обезбеди информации од прва рака за размена на искуства за имплементација на стандардите за БЗР и европскиот модел на соработка и вклучување на граѓанските организации во процесот на донесување одлуки. Исто така, на претставниците на граѓанските организации ќе им се пренесат знаења и најдобри практики и искуства за стратешко, организациско планирање, имплементација на политиката за заштита при работа, спроведување на кампања за подигнување на свесноста (комуникациска стратегија, вештини за застапување и мрежно поврзување). Учесниците ќе имаат можност да разменуваат ставови, искуства и добри практики со други претставници на ГО од Македонија и од Европската Унија.

Студиската посета, исто така, ќе обезбеди искуство и информации за засегнатите страни за тоа како да се обезбеди континуирана поддршка на организациите на граѓанското општество, да се градат коалиции и партнерства, понатамошно да се зголемува нивната вклученост во процесот на донесување одлуки и пренесување на тековната практика на лобирање во ЕУ и институциите на ЕУ.

Институции/организации кои ќе бидат посетени за време на студиската посета се:

  • Óbuda University – Будимпешта
  • Организација на работодавачи- Бизнис Унгарија
  • Мeѓународна организација на труд Будимпешта
  • Национален трипартитен БЗР комитет
  • Посета на фабрика – добра пракса за БЗР

Hits: 57

Posted in Новости.