Тешко повреден возач на трактор во судар со сканија

Во 18 часот вчера на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, на влез за селото Дебреште, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од О.М.(39) од село Дебреште и товарно возило „сканија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(33) од Крушево.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, а со телесни повреди се здобила сопатничката О.С.(39) од село Дебреште, кои биле пренесени во болницата во Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

ИЗВОР: https://plusinfo.mk

Hits: 67

Posted in Несреќи при работа.