Градежен работник повреден во Гостивар

Вчера во 18,30 часот во Полициска станица Гостивар било пријавено дека на улицата „ЈНА“, на објект во изградба, Е.А.(51) од с.Врабјани, се здобил со повреди при изведување на градежни работи.

На Е.А. му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Гостивар.

Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициска станица Гостивар.

Извор: Сител телевизија

Visits: 168

Posted in Несреќи при работа.