Судир помеѓу „волво“ и трактор, настрадал трактористот

Синоќа во 20,45 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Ново Село, на место викано „Сушичко стопанство“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „волво“ со швајцарски национални ознаки, управувано од М.К.(56) од с.Н.Коњарево, и трактор „ИМТ 533“, управуван од С.Т.(54) од с.Сушица..

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, кој бил пренесен за укажување лекарска помош во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

https://www.mkd.mk/crna-hronika/sudir-pomegju-volvo-i-traktor-nastradal-traktoristot

 

Visits: 137

Posted in Несреќи при работа.