Жена почина по превртување на тракторска приколка

Скопје, 1 септември 2019 (МИА) – Ш.Т. (49) од Мариово денеска го загуби животот откако се преврте приколката на тракторот во кој се превезувала со сопругот Б.Т.

Според МВР, несреќата се случила во атарот на село Рапеш, Мариово, а е пријавена претпладне во 10:40 часот.

Додека Б.Т. и Ш.Т. се превезувале со тракторот со приколка, приколката се превртела, при што Ш.Т. починала на самото место.

За настанот е известен јавен обвинител.

https://www.kajgana.com/zhena-pochina-po-prevrtuvanje-na-traktorska-prikolka

Hits: 53

Posted in Несреќи при работа.