Градежен работник паднал од висина од околу 30 метри- со тешки повреди итно пренесен на Клиника

Градежен работник од Тетово, пренесен на Клиника со тепшки телесни повреди, откако претходно паднал од висинаод околу 30 метри додека работел.

„На 26.09.2019 во 09.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје со тешки телесни повреди бил донесен В.М.(63) од село Брвеница, тетовско“ стои во соопштение од полицијата.

Според пријавеното, В.М, додека извршувал градежни работи за градежна фирма од Скопје, на објект на фабрика на бул.„Александар Македонски“, паднал од скеле од висина од околу 30 метри. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
линк

Visits: 107

Posted in Несреќи при работа.