Работилница за унапредување на законската рамка за БЗР

Во рамките на отпочнатиот процес на ревидирање и унапредување на законската рамка во областа на безбедност и здравје при работа, т.е. ревидирањето на постоечкиот Закон за БЗР (од 2007 година), Македонско здружение за заштита при работа учествуваше со свој претставник на претстојната тридневна работилница која се одржува од 16 до 18 октомври во хотел Романтик Велес. Работилницата е организирана од страна на Министерство за труд и социјална политика и на неа учествуваа организации и институции кои доставија официјални предлози, образложенија и препораки за измени и дополнување или донесување на нов закон за безбедност и здравје при работа.

На овој настан ќе бидат презентирани детални предлози од страна на МЗЗПР во насока на унапредување на законската рамка за БЗР.

Заклучоците од работилницата ќе бидат споделени со стручната јавност во перидото кој следи.

Visits: 246

Posted in Новости.