Десетмина работници повредени на градилиште во Куманово

Десетмина работници повредени на градилиште во Куманово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово, заедно со екипи од крим-техника при Министерството за внатрешни работи и вешти лица, вршат увид на локација на улиците Васко Карангелевски и АВНОЈ во Куманово, каде што претпладнево при изведување градежни работи беа повредени десет градежни работници.

Според првичните сознанија, осуммина работници во несреќата добиле полесни повреди и се пуштени на домашно лекување, а двајца, поради сериозноста на повредите, се префрлени во Ургентниот центар на скопските клиники.

По наредба на јавниот обвинител, локацијата е обезбедена и се работи на прибирање и вештачење на сите траги кои може да помогнат за утврдување на причините за несреќата.

ИЗВОР

Visits: 165

Posted in Несреќи при работа.