Трактор излета од пат – едно лице тешко повредено

Од МВР информираат дека несреќата се случила пред два дена во 9 часот на некатегоризиран пат Демир Капија – Петрово село, кај место викано „Светилник“, во момент кога трактор „торпедо“, без регистарски ознаки, со приколка, управуван од Б.Л.(56) од Неготино, излетал од патот.

Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.В.(63) од Неготино и бил пренесен во неготинската болница – истакнуваат од полицијата. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Неготино.

Трактор излета од пат – едно лице тешко повредено

Hits: 62

Posted in Несреќи при работа.