Тракторист повреден додека го орал овоштарникот

Вчера околу 15.00 часот во полициската станица Кавадарци било пријавено дека во болницата во Кавадарци со тешки телесни повреди бил донесен А.И.(71) од Кавадарци. Според пријавеното, тој се здобил со повредите затоа што се превртел тракторот со кој го орал овоштарникот во м.в. „Макарија“, атар на село Камен Дол.

https://www.mkd.mk/crna-hronika/traktorist-povreden-dodeka-go-oral-ovoshtarnikot

Hits: 58

Posted in Несреќи при работа.