Тешко повреден работник донесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“

На 21.11.2019 околу 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во фирма на бул.„Војводина“, додека извршувал работни задачи, со тешки телесни повреди се здобил Б.В.(27) од Скопје. Тој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Тешко повреден работник донесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ | opserver.mk

Hits: 63

Posted in Несреќи при работа.