Повреден полицаец откако се обидел да запре разбојништво

На 08.12.2019 во СВР Скопје е пријавено дека во 17.00 часот на ул.„Методија Митевски“, пред продажен објект, полицискиот службеник Ј.Ј., кој во моментот не бил на работа, се обидел да запре две лица за кои се посомневал дека ќе извршат кривично дело во објектот.

Кон него бил испукан проектил од огнено оружје. Ј.Ј. се здобил со повреда во раката и бил префрлен во здравствена установа за укажување на лекарска помош.

Се работи на расчистување на случајот.

https://tv21.tv/mk/skopje-povreden-politsaets-otkako-se-obidel-da-zapre-razbojnishtvo/

 

Hits: 72

Posted in Несреќи при работа.