Повреден тракторист кај Дојран

Тракторист е тешко повреден во несреќата што се случила вчера наутро околу 06.10 часот во село Николиќ, дојранско.

Како што соопшти МВР, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „форд“ со гевгелиски регистерски ознаки, управувано М.Н.(41) од село Николиќ и трактор без регистерски ознаки, управуван од Д.Т.(56) од село Николиќ.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, кој бил пренесен во Здравствен дом Гевгелија за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Гевгелија.

ЛИНК

 

Hits: 62

Posted in Несреќи при работа.