Градежен работник со тешки повреди пренесен во прилепската болница

Градежен работник бил донесен во прилепксата болница со тешки повреди.

Вчера попладне во 14 часот и 40 минути во Полициска станица Прилеп било пријавено дека во Општата болница Прилеп бил донесен С.С.(50) од Прилеп, кој се здобил со тешки телесни повреди при изведување на градежни работи во куќа на улица „Пчиња“ во Прилеп.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

https://press24.mk/gradezhen-rabotnik-so-teshki-povredi-prenesen-vo-prilepskata-bolnica

Hits: 7

Posted in Несреќи при работа.