Загина жител на Лабуништа при градежни работи

Жител на Лабуништа изведувал градежни работи во двор од семејната куќа во Лабуништа при што паднал од висина. Вчера во 13:00 часот, во полициското одделение Велешта, било пријавено дека во Медицинскиот центар во Вевчани, со тешки телесни повреди е донесен М.М.(51) од струшкото село Лабуништа, кој потоа бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Потоа со медицинско возило е транспортиран кон Ургентен центар во Скопје, но во тек на транспортот, им подлегнал на повредите.

По наредба на Јавен обвинител, извршена е обдукција и не се утврдени траги на насилство.

ЛИНК

Hits: 68

Posted in Несреќи при работа.