Тракторист тешко повреден, паднал во провалија

Маж се здобил со тешки повреди откако изгубил контрола над трактор кој го управувал и паднал во провалија.

Несреќата, информира МВР, се случила вчера околу 13 часот во охридското село Опеница.

-Во незгодата, Б.В. (56) се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во болницата „Свети Еразмо Охрид“ за укажување на лекарска помош, информираат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

ИЗВОР

Visits: 125

Posted in Несреќи при работа.