Покана за учество на 38-ма Конференција за заштита при работа, процеси и заштита од пожари

Би сакале да ве поканиме на 38 -та годишна конференција на

Професионална работа, процеси и зштита од пожари

Прва објава

Целта на дводневната конференцијата за професионалци од областа на БЗР  што ќе се одржа во Порторож, Словенија, на 19-ти и 20-ти мај,  2020 година е да ги соберат експерти во областа на управување и промоција на безбедноста и здравјето на луѓето, вклучувајќи ги и социјалните и економските влијанија на безбедноста при работа, планирање на процеси на работа и производство, пожари и безбедност на животната средина. Покрај тоа, конференцијата има за цел да го поддржи тековното стручно оспособување и размена на знаење, да се претстави тековната состојба, најновите откритија и научените лекции и добрата практика и да се потенцираат и новите ризици што можат да доведат до подобрувања во безбедносната политика .

Авторите се поканети да испратат наслов и краток апстракт до 17-ти февруари 2020 година

Детални инструкции се достапни на http://www.posvet-otv.si .

Вашето учество во голема мерка ќе придонесе за подигнување на свеста за општата важност и културата за обезбедување на безбедна, здрава, удобна и успешна работна и животна средина.

*Напомена – авторите на трудови не плаќаат котизација.

 Безбедна, здрава и успешна 2020 година!

Hits: 151

Posted in Новости, Огласи.