Нападнат и тешко повреден вработен во Државен инспекторат за транспорт

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Г.(58) од с.Звегор, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ и „тешка телесна повреда“. На 12.02.2020 на Граничен премин „Делчево“, Д.Р.(47) од Берово, вработен во Државен инспекторат за транспорт, додека вршел редовна контрола на патничко возило „комби”, со бугарски национални ознаки, управувано од пријавениот, истиот започнал расправија, а потоа физички го нападнал Д.Р., нанесувајќи му тешка телесна повреда.
Нападнат и тешко повреден вработен во Државен инспекторат за транспорт | opserver.mk

Hits: 55

Posted in Несреќи при работа.