Повреден полицаец во кој удрил камион кај Миладиновци

Полицаец удрен од камион во скопско. Имено, полициски службеник се здобил со повреди откако во него удрил товарен камион во скопското село Миладиновци вчера во 15.30 часот.

Во полицискиот извештај не се наведуваат деталите за несреќата освен што се кажува дека во тој момент полицаецoт ги извршувал своите работни обврски. Камионот имал радовишка регистрација, а со него управувало лицето И.Т. (56) од Радовиш.

Повредениот полицаец веднаш е префрлен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Полицијата извршила увидот на местото на несреќата.

ЛИНК

Hits: 2

Posted in Несреќи при работа.