Тешко повреден работник при поставување цевковод во Булачани

Четириесет и петгодишниот С.Р. од село Идризово, Скопско, се здобил вчера со тешки телесни повреди при извршување работи за поставување цевковод во село Булачани, кај Скопје.

Како што соопшти МВР, инцидентот бил пријавен вчера во 16 часот во СВР Скопје од Градската општа болница во Скопје каде  бил донесен повредениот работник со тешки телесни повреди.

Увид бил извршен на самото место, а за настанот бил запознаен Трудов инспектор.

ЛИНК

Hits: 66

Posted in Несреќи при работа.