Тешко повреден работник во гостиварска фабрика

На 20.02.2020 во 03.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека Џ.Д.(41) од Гостивар, вработен во гостиварска фабрика, се здобил со тешки телесни повреди додека бил на работното место. Тој бил пренесен во гостиварската болница „Ферид Мурад“, а екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар извршила увид.

ИЗВОР

Visits: 124

Posted in Несреќи при работа.