Несреќа во тетовско: Трактор падна во бездна, маж тешко повреден

Маж се здобил со тешки телесни повреди откако тракторот со кој управувал паднал во бездна.

-Вчера во 14:55 часот во СВР Тетово, 20-годишниот Х.М. од село Долно Палчиште, тетовско пријавил дека во 14.30 часот на локален пат село Новак-село Јеловјане,тетовско, трактор марка “ИМТ 540“, без регистарски ознаки, управуван од 43-годишниот Х.М.од село Долно Палчиште излетал од патот и паднал во бездна длабока околу 30 метри, при што во незгодата возачот на тракторот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на месттото на настанот извршила екипа од СВР Тетово – информира МВР.

ИЗВОР

Visits: 129

Posted in Несреќи при работа.