СЕМИНАР НОВИОТ ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И НАЧИН НА ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ ВО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО ПРИ РАБОТА

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И НАЧИН НА ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ ВО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО ПРИ РАБОТА
(Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, „Службен весник на РСМ“, бр. 18/2020 – со овој Закон се врши усогласување со одредбите од новиот Закон за инспекциски надзор)

– Правилник  за висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа („Службен весник на РСМ“, бр. 275/2019 од 27.12.2019)

4 март 2020 година, 10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Со Законот за инспекциски надзор се уредуваат основните начела на инспекцискиот надзор, статусот, надлежностите и работењето на Инспекцискиот совет, организацијата и раководењето со инспекциските служби, следењето, контролата и координацијата на работата на инспекциските служби, статусот и вработувањето на инспектор, лиценцата за инспектор, правата и обврските на инспектор (системот на надоместоци на плати на инспекторите, системот за стручно усовршување и обука на инспекторите), учинокот на инспектор, права и обврски на субјектите на инспекциски надзор при вршење на инспекциски надзор, постапката на вршење инспекциски надзор, посебните дејствија во инспекциската постапка, односите на инспекциските служби и надлежните органи, како и спроведувањето на законот.   Одредбите од овој закон кои се однесуваат на постапката за вршење на
инспекциски надзор, се применуваат на инспекциските служби организирани како органи во состав на министерствата или како организациски единици, во рамки на органите на државната управа и општините.
Законот за инспекциски надзор („Службен весник на РСМ“, бр. 102/2019) е донесен на 30.5.2019 година, а неговата примена започна од 01.12.2019 година.
Во јануари 2020 година се објавени измените на Законот за безбедност и здравје при работа, кој е усогласен и со Законот за прекршоци и со Законот за инспекциски надзор.
На 27.12.2019 година е објавен Правилник за висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа („Службен весник на РСМ“, бр. 275/2019).
Иницирани од настанатите измени, Стопанската комора на Македонија во соработка со Македонското здружение за заштита при работа, на 4 март 2020 година, организира еднодневен семинар на кој ќе бидат образложени измените на овие закони и наведениот правилник, како и промените и новините кои се веќе усвоени.

Предавачи:

  1. претставник на Државниот инспекторат за труд;
  2. претставници на Министерството за труд и социјална политика.

СОДРЖИНА:

– Законот за инспекциски надзор;
– Примена на листи за проверка;
– Прекршочни одредби кои произлегуваат од Законот и мерки кои произлегуваат од инспекцискиот надзор;
– Потреба од носење нов правилник за висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа;
– Постапка за подготвување на нов правилник;
– Измени на Правилник за висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа.

Овој семинар според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истиот.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 28 февруари 2020 година.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
– работен материјал;
– ручек и освежување;
– сертификат за учество на семинарот.

Во прилог:  Пријавен лист

Контакт:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова

✆ ++ 389 2 3244074

Beti@mchamber.mk

Hits: 240

Posted in Новости, Обуки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.