Одржани јавни дебати во Тетово и Прилеп

На 05 и 06 март 2020 година Македонско здружение за заштита при работа спроведе две јавни дебати во Тетово и Прилеп во рамки на оперативната програма „Обезбедување усогласеност со европските стандарди  за добри практики за безбедност и здравје при работа за работодавачите и работниците”.

На дебатата присуствуваа учесници од регионот на Прилеп, Битола , Тетово и Гостивар односно стручни лица по безбедност при работа, граѓански организации, работодавачи, синдикални организации, претставници на вработените, лиценцирани компани во областа на безбедноста и здравјето при работа.

На јавните дебати се отвори дискусија за мислењата и ставовите на сите засегнати страни во однос на унапредувањето на безбедноста и здравјето при работа и промовирањето на безбедни и здрави работни места, постоечки недостатоци во имлементирање на актуелната законската регулатива за безбедност и здравје при работа.

Јавните дебати ќе продолжат да се реализираат и во наредниов период и во останатите региони од Македонија. Сумирани податоци и севкупен извештај со заклучоци и препораки од настаните ќе биде испратен до сите учесници и донесители на одлуки со цел унапредување на постоечката  законската рамка за безбедност и здравје при работа

Hits: 34

Posted in Новости.