Комбе удри во скеле, тешко повреден градежен работник од Прилеп

На прилепската улица „Поп Аврамија“, во утринските часови на 12 март товарно возило „пежо боксер“, со прилепска регистрација, управувано од 46-годишен прилепчанец, при разминување со непознато возило, со десниот ретровизор удрилo во дрвена необележана талпа од скеле.

Притоа од скелето паднал 67-годишен градежен работник од Прилеп.

Во незгодата работникот се здобил со тешки повреди и итно бил пренесен во Општата болница во Прилеп за укажување на лекарска помош.

На местото на настанот извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од прилепската полиција.

ИЗВОР

Hits: 6

Posted in Несреќи при работа.