Тракторист од село Сирково прегазен и тешко повреден од сопствениот трактор

Лицето В. Ј.(66) од село Сирково – росоманско, при обид да ја закачи товарната приколка на неговиот трактор марка „ИМТ 533“, во нива лоцирана во непосредна близина на селото, изгубило контрола над тракторот и истиот почнал неконтролирано да се движи. Возачот паднал, по што бил прегазен од тракторот и се здобил со тешки телесни повреди, појасни Додевски.

По укажаната лекарска помош во ЈЗУ Општа болница Кавадарци, поради карактерот на повредите лицето било пренесено на лекување во Клинички центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС ОН Кавадарци.

Visits: 115

Posted in Несреќи при работа.