Македонски возач на камион повреден во несреќа кај Русе (Бугарија)

Македонски возач на камиот е повреден во сообраќајна несреќа, што денеска околу пладне се случила на патот Русе-Разград во Бугарија.

Камион со регистарски таблички од Русе се обидел да сврти лево кон магацини на фирма за производство на земјоделски производи. Во него удрил македонски камион. При сударот македонскиот возач останал приклешет во кабината, па морала да интервенира пожарникарска екипа, која је сечела каросеријата за да може возачот да биде изваден.

Македонскиот возач бил контактибилен и при првичните прегледи не се утврдени тешки контузии. Со брза помош бил однесен во болница.

ЛИНК

Hits: 58

Posted in Несреќи при работа and tagged , .