ВОДИЛКА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ВО ГРАДЕЖНИШТВО ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД КОРОНА ВИРУС – COVID-19

Почитувани работници во градежништвото и индустријата,

Почитувани граѓани,

Како единствен репрезентативен синдикат на работниците од градежништвото заедно со Македонското здружение за заштита при работа изготвивме Водилка за Безбедност и здравје при работа во градежништвото за превенција од Корона вирусот. Денес ја споделуваме со сите на кои им е потребна, бидејќи и работниците и работодавачите се во борба против денешниот невидлив непријател кој предизвика пандемија во светот. Сакаме да ги потсетиме сите дека оваа Водилка како и сите останати мерки и препораки од здравствените работници и установи се од исклучително значење во овој период. Свесни сме дека колку повеќе се придржуваме толку побрзо ќе го надминеме проблемот. Проблемот е навистина голем и трпи последици по економијата и работниците. Мораме да се бориме заеднички, бидејќи токму секторот градежништво е еден носечки столб во економијата и главен двигател на бруто домашниот производ. Статистиката вели дека опфаќаме број од над 50 илјади вработени во секторот и затоа мора да внимаваме да не дојде до колапс. На последната седница на Владата, како и мерките и препораките од кризниот штаб се дека и градежните работници со посебни дозволи ќе одат на работа. Превентивното делување секогаш треба да го практикуваме и затоа од исклучително значење е оваа Водилка за превенција од Корона вирусот која треба да ја знаат и практикуваат работодавачите и вработените во секторот градежништво и индустријата за градежни материјали. Истата ќе биде достапна на веб страниците од Сојузот на синдикатите на Македонија, Македонското здружение за заштита при работа како и на нашите Facebook страни и Youtube канали.

НАШЕ ЛЕГИТИМНО ПРАВО Е ДА РАБОТИМЕ БЕЗБЕДНО И ЗДРАВО!

Со почит,
СГИП, МЗЗПР

Hits: 208

Posted in COVID 19, Новости, Публикации.