Тешко повреден работник во Пробиштип

Со тешки телесни повреди се здобил жител на Пробиштип вчера при повреда на работното место.

Полицијата соопшти дека вчера во 16.20 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 15:20 часот во Итна медицинска помош во Пробиштип бил донесен 61-годишниот Ј.А. од Пробиштип, кој се здобил со повреда при работа во фабрика во Пробиштип.

Повредениот бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Пробиштип.

ЛИНК

Visits: 131

Posted in Несреќи при работа.