Полицаец повреден во сообраќајка во близина на Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 15.54 часот на ул.„1“ во с.Ново Село, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од полициски службеници од СВР Скопје и патничко возило „форд“, со скопски регистарски ознаки, управувано од  Е.Г.(36) од Скопје, кој го напуштил местото на незгодата.

По сообраќајната незгода, еден полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

ЛИНК

Hits: 15

Posted in Несреќи при работа.