Тешко повреден полицаец, по грешка пукал од својот пиштол

Полицаец од невнимание испукал еден куршум од службениот пиштол, при што се самоповредил. Инцидентот се случил вчераутро на паркинг пред угостителски објект на улицата Македонска фаланга во Битола.

Повредениот веднаш бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле контатирани тешки повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. За настанот се запознаени јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Извор: Макфакс

Hits: 0

Posted in Несреќи при работа.