ПОЧИНА РАБОТНИК ОД ТЕТОВО откако се повредил во фабриката каде работел

На 15.05.2020 во 09.00 часот во СВР Скопје од болницата „Аџибадем Систина“ било пријавено дека кај нив бил донесен повреден работник од фабрика во Скопје, соопштија од МВР.

По излегување на местото на настанот полициски службеници констатирале дека станува збор за Б.С.(51) од тетовско село, кој се повредил при работа.

Од страна на лекар била констатирана смрт. Известени се надлежни инспектори, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

ЛИНК

Hits: 139

Posted in Несреќи при работа.