Тешко повредена работничка во фирма во Кавадарци

Триесет и седумгодишна кавадарчанка била тешко повредена на работното место во фирма во Кавадарци, соопшти МВР.

„Работничката М.Д.С.(37) од село Бегниште со тешки телесни повреди е донесена во Општата болница во Кавадарци. Таа се  повредила при извршување на работни задачи во фирма во Кавадарци“,  стои во соопштението.

Настанот во полицијата е пријавен од Општата болница во Кавадарци.

Известен е и  јавен обвинител и трудов инспектор, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци.

ЛИНК

Hits: 152

Posted in Несреќи при работа.