Колку се заштитени текстилните работници во услови на КОВИД-19?

Дали смеам да престанам со работа доколку почувствувам дека здравјето и животот ми се во опасност поради Ковид-19? Какви мерки за заштита треба да преземат моите работодавачи додека трае коронакризата?

Ова се само дел од најчесто поставуваните прашања помеѓу вработените во текстилната индустрија за време на пандемијата предизвикана од Ковид-19.

За таа цел, Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) во соработка со меѓународната фондација „Fair Wear“изработија серијал на видеа за работничките права за време на пандемијата КОВИД 19. Видеата опфаќаат прашања и одговори поврзани со безбедноста и здравјето при работа, кои директно се однесуваат на актуелната положба на работниците од текстилната индустрија во нашата земја.

Во видеото се дадени практични и доста корисни одговори за тоа кои се правата на работникот/чката доколку се зарази со коронавирусот, кога и како да се извршат тестирањата, но и каде да се пријават било какви неправилности кои произлегуваат од непочитување на законите за заштита на работниците.

Ова видео е достапно на следниот линк:

https://youtu.be/ls0FHpaI4U0.

https://www.youtube.com/watch?v=ls0FHpaI4U0&t=32s

Инаку, ова е прва официјална соработка на МЗЗПР со фондацијата „Fair Wear“ основана во 1999 година со седиште во Холандија. Мисијата на оваа непрофитна организација е поддршка на работниците од текстилната индустрија ширум светот во остварувањето на нивните права за безбедна, достоинствена и фер платена работа. Оваа глобална фондација во моментов работи со дури 130 брендови од текстилната индустрија и заеднички се посветени на изнаоѓање на поправеден начин на производство на облека во оваа индустрија.

Hits: 139

Posted in COVID 19, Новости.