Во Струга повреден полицаец кој вршел контрола на возила

На улицата „Партизански бригади“ во Струга полициски службеник бил повреден при вршење работа од безбедноста на сообраќајот.

Полицаецот сопрел патничко моторно возило „форд“ со струшки регистарски ознаки управувано од К.И.(49) од село Октиси, поради сторен сообраќаен прекршок. При обид за легитимирање на возачот, истиот одбил, го стартувал возилото и со возилото го удрил полицискиот службеник по што го напуштил местото на настанот.

Полицискиот службеник е пренесен во Медицински центар Струга за укажување на лекарска помош. За настанот е известен јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од  полициската станица Струга и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ЛИНК

Visits: 68

Posted in Несреќи при работа.