Повреден работник на ЕВН

Повреден работник на ЕВН

На 04.07.2020 во 09,45 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека Р.М.(45) од Свети Николе, вработен во „ЕВН-Дистрибуција“ -Скопје, вршејќи работни задачи на трафостаница кај градските гробишта во Свети Николе се здобил со тешки телесни повреди така што паднал на бетонска подлога од скала од висина од три и пол метри, информираат од МВР.

По настанот Р.М. бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.

Увид на местотот на настанот извршила екипа од Полициска станица Свети Николе. За настанот е запознаен јавен обвинител и државен трудов инспектор.

ЛИНК

Hits: 0

Posted in Несреќи при работа.