Се преврте трактор со дрва, возачот тешко повреден

Во радовишкото село Калуѓерица  М.Т. од истото село, управувајќи трактор со приколка, која била натоварена со дрва, излетал од коловозот, при што возачот се здобил со тешки телесни повреди.

М.Т. бил пренесен во ЈЗУ Радовиш, а на местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

ЛИНК

Hits: 2

Posted in Несреќи при работа.