Тешко повреден работник од Комунална хигиена

На 20.07.2020 во 13.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ бил донесен повреден С.З.(53) од Скопје. Полициски службеници од СВР Скопје извршиле разговор со С.З., кој изјавил дека се повредил околу 12.50 часот на ул.„Скупи“, додека вршел работни задачи како вработен во Комунална хигиена. Од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот е информиран и трудов инспектор.

ЛИНК

Visits: 68

Posted in Несреќи при работа.