Несреќа во рудникот „Суводол“, загина работник

Синоќа при несреќен случај во рудникот „Суводол“ во РЕК „Битола“, при работа со градежна машина, животот го загубил работник 60-годишен работник. Како што известуваат од РЕК „Битола“, во моментот на несреќата, тој бил ангажиран на извршување на редовни работни активности, објави Макфакс.

Стручните служби на РЕК „Битола“ и надлежните органи се на терен за расчистување на околностите под кои се случи несреќата.

Телото ќе биде предадено на обдукција, по што ќе се знаат и причините за смртта на работникот, а јавноста ќе биде известена за наодите по завршувањето на законски предвидените дејствија.

ЛИНК

Hits: 9

Posted in Несреќи при работа.