Со трактор удрил во земјен брег: Струмичанец тешко повреден

Маж од струмичко со тешки повреди бил пренесен во болница откако претходно со трактор кој го управувал удрил во земјен брег.

Според пријавеното, вчера во 18.45 часот било пријавено дека регионален пат Валандово – Струмица, во близина на Валандовско брдо, трактор „ИМТ 529“ со струмички регистарски ознаки, управуван од К.Ч. (54) од село Костурино, струмичко, изгубил контрола и удрил во земјен брег покрај патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој е пренесен во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Валандово

ЛИНК

Hits: 8

Posted in Несреќи при работа.