Повреден тракторист од Костурино, откако удрил во земјен брег покрај патот

Повреден тракторист од Костурино, откако удрил во земјен брег покрај патот

Вчера околу 18:30 часот на регионален пат Струмица – Валандово, во близина на Валандовско брдо, трактор „ИМТ 529“ со струмички регистарски ознаки, управуван од К.Ч. (54) од село Костурино, струмичко, изгубил контрола и удрил во земјен брег покрај патот – информираат од СВР Струмица.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој е пренесен во Струмичката болница, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Валандово.

ЛИНК

Visits: 47

Posted in Несреќи при работа.