Реализирана дводневна обука за “ПРОЦЕНКА НА РИЗИК НА РАБОТНО МЕСТО ПРИ ИЗЛОЖЕНОСТ НА САРС-КОВ-2 ВИРУСОТ”

„Македонското здружение за заштита при работа” (МЗЗПР) Скопје, во рамките на оперативната програма „Обезбедување усогласеност со европските стандарди  за добри практики за безбедност и здравје при работа за работодавачите и работниците” реализираше дводневна обука на тема “ПРОЦЕНКА НА РИЗИК НА РАБОТНО МЕСТО ПРИ ИЗЛОЖЕНОСТ НА САРС-КОВ-2 ВИРУСОТ”. Обуката се одржа на 17.09.2020-18.09.2020 година во хотел “Гардениа” Велес и беше наменета за стручни лица за безбедност при работа, синдикални претставници и доктори по медицина на труд.

Главен фокус на обуката беше ставен на Безбедност и здравјето на работа во време на пандемијата поради  КОВИД-19  и анализа од практична примена од методологија за проценка на ризик на работно место при изложеност на Сарс Ков-2 вирусот.

Hits: 27

Posted in Новости, Обуки.