Еден полицаец тешко повреден на главата, друг во стомак – дел од напаѓачите кај Степанци уапсени

Двајца од петмината полицијаци кои синоќа беа нападнати кај велешкото село Степанци се тешко повредни, додека останатите тројца се со полесни повреди. Еден од потешко повредените доцна вечерта бил пренесен од болницата во Велес на скопските клиники и тој според информациите до доцна во ноќта се бореше за својот живот.

Според неофицијалните информации полицаецот има 48 години, додека неговиот дтри години постар колега кој е се потешки повреди на стомакот останал во болницата во Велес.

Сите пет беа нападнати од дрвокрадци од кои четвторица беа приведени пред полноќ. Полицајците се од полициската станица Чашка.

Според полицијата напаѓачите се граѓани кои бесправно сечеле дрва. Инцидентот се случил околу 19:45 часот кога полициска екипа од Чашка, отишла на интервенција, откако биле запленети две возила со нелегално исечени дрва.

ЛИНК

Hits: 14

Posted in Несреќи при работа.