Повреден полицаец при сообраќајка во Скопје

Полициски службеник се здобил со телесни повреди откако во четвртокот возилото во кое бил сопатник се судрило со друго возило на улицата „Митрополит Теодосие Гологанов“ во Скопје.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во сообраќајна незгода учествувале патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од 46-годишниот Д.Ј., а совозач бил 42-годишниот Ш.Д. кој се здобил со повреди, а од друга страна патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот Н.С. од струмичкото село Просениково.

Повредениот полицаец бил пренесен во Комплекс клиниките „Мајка Тереза“. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

ЛИНК

Visits: 76

Posted in Несреќи при работа.